Погубен затвореникот кој со сабја уби свештеник во САД

121

Во Алабама е погубен маж кој пред 28 години за време на оружен грабеж со нож и сабја убил свештеник.

Четириесет и шестгодишниот Кристофер Ли Прајс со ова станал вториот затвореник кој во последните две години е усмртен со инјекција.

Пред да биде погубен, јавно се извинил за злосторството, а само неколку минути пред да умре рекол дека е „многу повеќе човек од неговата најголема грешка“.

На погубувањето присуствувале семејствата и на убиецот и на жртвата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...