Американскиот државен секретар Мајк Помпео по денешните средби со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев во Охрид, ја посети црквата „Света Богородица Перивлепта“.
Помпео беше пречекан од поглаварот на Македонската православана црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан и владиката Дебарско-кичевки, Тимотеј.
При посетата на црквата „Света Богородица Перивлепта“, Помпео беше придружуван од својата сопруга Сузан, помошникот државен секретар Филип Рикер, амбасадорката на САД Кејт Мари Бернс и советниците Мери Кисел и Рики Вадел.
Црквата „Света Богородица Перивлепта“, како значајно црковно и културно богатство, неодамна беше реновирана и заштитена со средства обезбедени преку програмите на УСАИД и посебниот амбасадорски фонд за заштита на цивилизациските артефакти на културно и историското наследство, од кој беа издвоени 650 илјади долари.
Со поддршка од САД која досега се обновени и реставрирани и Националната галерија на Македонија, Шарената џамија во Тетово, Златковата кула во Кратово, мозаикот во археолошкиот локалитет Стоби, како и манастирот „Света Богородица Елеуса“, во Вељуса, Струмичко.