Играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Пол Погба, купи куче чувар за да се заштити од агресивните навивачи, пренесува „Сан“.
Причината за ова се редовните напади и закани кои преку социјалните мрежи ги добива Французинот.
На тренинг-базата на Јунајтед фановите испишаа порака до фудбалерот „Погба, оди си!“.
– Тие се многу симпатични кучиња, додека не добијат команда за напад. Фудбалерите се јавни луѓе, а нивната желба да бидат заштитени е разбирлива, рече Ричард Арнолд, сопственик на одгледувачницата за борбени кучиња К9.
Погба се пресели во Манчестер јунајтед од Јувентус во 2016 година за 105 милиони евра. За ова време, 26-годишниот играч од средниот ред одигра 96 натпревари за „црвените ѓаволи“ во англискиот шампионат и постигна 24 голови.