Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, изненадувачки изрази благодарност на менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, за да му помогне да се развие како фудбалер.
Двајцата не беа во најдобри односи додека Португалецот беше на „Олд Трафорд“, но очигледно Погба е подготвен да ги остави нештата зад себе и да ги „закопа секирите“.
– Знам дека очекувате да кажам нешто за Жозе и за денешниот резултат (победа против Кардиф со 5-1). Јасно е дека сме задоволни од оваа победа. Игравме добро и целиот тим беше на ниво. Но, знам дека сакате да ме прашате: „Но, кај Жозе …“ Кај Жозе освоивме трофеи и сакам да му се заблагодарам за тоа. Не беше сè добро, но имаше добри работи – освоивме трофеи. Кога освојуваш трофеи растеш како фудбалер и како личност. Ова е во минатото, но му се заблагодарувам. Убеден сум дека сите веќе се радуваат на следниот натпревар и да освојуваат нови поени. Сакаме да се вратиме на врвот. Тоа е она што морам да кажам – изјави халфот по мечот.
Тој додаде дека целиот тим играл добро и изрази задоволство што новиот менаџер, Оле Гунар Солскјер започна со таква победа.
– Тоа беше важно и се надеваме дека ќе продолжиме во истиот дух. Нема да биде добро по слична игра денес да го изгубиме следниот натпревар – рече уште Погба.
ФОТО: EPA / PETER POWELL