Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 12 часот во Полициската станица Кочани од Итната медицинска помош Кочани било пријавено дека околу 11,45 часот Д.К.(36) од Кочани додека извршувал работни задачи во печатница во Кочани, се здобил со тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршиле екипа од ПС Кочани и трудов инспектор. Се работи на расчистување на случајот.