Во 5.20 часот вчера во полициското одделение Македонска Каменица, вработен во рудникот Саса пријавил дека околу 3.30 часот во јама при вршење работа со повреди се здобил Љ.С.(52).
Повредениот бил препратен за укажување лекарска помош во болницата во Кочани. Увид на местото на настанот извршиле полициски службеници од ПС Делчево.
За настанот се известени Основен јавен обвинител и трудов инспектор од Делчево. Се работи на расчистување на случајот.