Повреден работник во Железара

349

Вработен во фабриката Железара се здобил со тешки повреди. Според билтенот на МВР, вчера во 20.26 часот во СВР Скопје, од Ургентниот центар Скопје било пријавено дека бил донесен И.З.(43) од Свети Николе, кој се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во приватна фирма лоцирана во кругот на Железара.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...