Во сообраќајна несреќа која се случила на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево, околу 12 часот едно лице е полесно повредено, а сообраќајот се одвива отежнато поради присуство на овци кои се движат по коловозот.
Од полицијата информираат дека, камион-влекач „фиат ивеко“ со битолски таблички во кој се превезувале овци, излетал од коловозот при што приколката се првртела. При превртувањето, од неа испаднале повеќе грла овци. Во несреќата што се случила во непосредна близина на селото Ново Село, возачот на камионот А.П. од Новаци е полесно повреден и згрижен во гостиварската болница.
Полициски служебници работат на обезбедување на редовно одвивање на сообраќајот, со оглед дека исплашените животни без контрола се движат по коловозот. Заради неконтролираното движење на добитокот, едно возило е оштетено, кога возач на автомобил се обидел да ги избегне и завршил во заштитната ограда.
Засега не се познати причините за незгодата и штетата што е предизвикана, а во тек е увид.