На улицата „Цветан Димов“ синоќа избила тепачка меѓу неколку лица, при што со остар предмет е повредено 24-годишно момче, сооштија од Министерството за внатрешни работи.
Имено, синоќа, околу 1.20 часот во СВР Скопје, било пријавено дека на улицата „Цветан Димов“ бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка меѓу неколку лица.
Од МВР наведоа дека, А.Р. (24) е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.
Приведено е едно лице, Б.Б. (29), кој бил задржан во Полициската станица Бит Пазар.
Се работи на целосно расчистување на случајот.