Повредени 10 градежни работници во Куманово, двајца донесени во скопскиот Ургентен

502

Десет работници се повредени при изведување градежни активности на локација на улиците Васко Карангелевски и АВНОЈ во Куманово, информираат денеска од Општата болница Куманово, а случајот го потврди и СВР Куманово.

Повредените работници се префрлени во кумановскиот Ургентен центар и од нив двајца, според директорката на болницата Снежана Захариева, се префрлени на Ургентен центар на скопските клиники.

– На останатите работници им се пружа помош во кумановската Општа болница. Се вршат испитувања и нивната здрвствена состојба и понатаму ќе се следи – изјави директорката Захариева.

Од СВР Куманово потврдија дека кај нив е пријавен случај дека има повредени градежни работници и информираа дека екипите се на терен и вршат увид.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...