Повредени шестмина во сообраќајка кај Ќафасан

930

Во сообраќајна несреќа што се случи попладневно на патниот правец Либражд-Прењас, во близина на албанско-македонската граница, кај преминот „Ќафасан“ учествувал и стружанец.

Во директниот судар на две возила,со кои управувале македонскиот државјанин И.Л.(36) од Струга и С.С.(45) жител на Тирана повредени се шест лица,на кои им е укажана лекарска помош во болницата во Либражд.

– Во сообраќајната несреќа повредени се Т.С.(75), Ѓ.К.(80) и Е.К.(85) сите жители на Тирана, како и македонските државјани М.Л.(31),Е.Л.(12) и Ќ.Л. Сите се префрлени во болницата во Либражд и се вон животна опасност, стои во полициското соопштение.

Ова е втора сообраќајка месецов во близина на преминот „Ќафасан“ во која учествува македонски државјанин. На 16 август учествуваше возило управувано од Валерија К. (25),во која повредени беа и нејзините три сопатнички. И тие минаа со полесни повреди и по дадената лекарска помош во болницата во либраж беа пупштени на домашно лекување

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...