Повредени најмалку шестмина во сообраќајка на патот Гостивар-Кичево

1093

Во судир на две патнички возила на магистралниот пат Гостивар – Кичево повредени се најмалку шест лица.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 13:30 часот во близина на мавровската раскрсница. Двата автомобили, „пасат“ со тетовски и „бмв“ со гостиварски таблички, кои се движеле во спротивни правци, директно се судриле.

Повредените се пренесени во Гостиварската општа болница каде се утврдува видот и карактерот на повредите.

Во тек е увид на местото на несреќата, а сообраќајот во близина на местото на несреќата се одвива забавено.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...