Повредени деветмина ученици откако возило на косовската полиција удри во автобус

90
ФОТО: МИА

Возило на косовската полиција удри во автобус кој превезувал ученици од српска националност од село во близина на Грачаница, при што се повредени девет деца кои се надвор од животна опасност, јави дописникот на МИА од Приштина.

Несреќата се случила утрово во шест часот и 30 минути,  а во првичната информација која ја објавија косовските медиуми, повикувајќи се на портпаролаката на косовската полиција Флора Ахмети, беше кажано дека се повредени 21 ученик.

Подоцна, лекарката  на ургентниот центар во Грачаница, Марина Мадиќ, информира дека лекарска помош е укажана на девет деца и дека ниедно не е во животна опасност.

Началникот на полициската станица во Грачаница, Братислав Трајковиќ изјави дека несреќата се случила во близина на кружен тек во Грачаница и дека возилото на косовската полиција удрило во автобусот кој превезувал деца за во училиште.

Во несреќата се повредени и двајцата полицајци кои биле во полициското возило. Тие со возило на брза помош се пренесени во клиничкиот центар во Приштина.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...