На регионалниот пат Куманово- Липково синоќа патничко возило „Фолксваген Туарег“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Џ.А.(51) од село Липково, удрило во запрежно возило во кое бил А.М. (17) од село Лопате, Кумановско и 14-годишник од село Слупчане, општина Липково. Од ударот со повреди се здобиле двете лица од запрежното возило.
Тие биле пренесени во Ургентен центар Куманово. Кај А.М. биле констатирани телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување, додека кај 14-годишникот биле констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил префрлен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.