Повредени двајца полицајци додека правеле увид на дива сеча

234

Двајца полицајци биле полесно повредени откако автомобил што го управувало засега непознато лице не застанало на знакот од полицајците додека тие легитимирале три лица за нелегална сеча на дрва информираа од СВР Тетово.

Според полициските информации, вчера околу 17 часот по на патот кон тетовското село Доброште на место викано „Тумба“ полициски службеници од Полициската станица Рогачево ги затекнале лицата Б.Б.(48), Б.А.(37) и Р.Б.(46), сите од Доброште.

Тројцата биле со трактор „ИМТ 533“ без регистарски ознаки и со импровизирана рамприколка натоварена со дабови огревни дрва без да поседуваат било каква документација за сеча и транспорт. Во тој момент поминало патничко возило што го управувало непознато лице и кое не застанало на даден знак за запирање.

Лицето со возилото продолжило со движење и удрило во двајца полициски службеници кои немаат потешки повреди. Потоа еден од полициските службеници испукал еден куршум во воздух за предупредување, но возилото не застанало.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, а тракторот со огревни дрва, моторна пила и скутер бил предаден на Шумската полиција. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...