Повредените кај Ласкарци ќе добијат по 30.000 денари од Град Скопје

160

Советот на Град Скопје на денешната седница одлучи на семејствата на загинатите лица од сообраќајката што се случи на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци, да им додели еднократна парична помош во износ од 100.000 денари.

– Со оваа одлука, Градот Скопје како израз на солидарност кон семејствата на загинатите и на повредените во сообраќајната несреќа на автопатот Скопје – Тетово, на секое семејство кое изгуби свој член ќе додели парична помош од 100.000 денари во нето износ, а на повредените по 30.000 денари – соопштија од Град Скопје.

Советот на Град Скопје со едноминутно молчење за знак на оддавање почит на загинатите во сообраќајката ја започна 27-та седница.

Во големата сообраќајна несреќа која се случи на автопатот Скопје-Тетово на 13 февруари животот го загубија 15 лица.

Photo: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...