Повредена 18-годишна девојка откако во неа удрил возач на голф

913

Осумнаесетгодишна девојка од Тетово е тешко повредена во сообраќајна несреќа на булеварот „Видео Смилевски-Бато“, вчера околу 18,30 часот, откако во неа удрило патничко моторно возило „фолкваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи,  во Т.А (18) удрил 47-годишниот Ш. Х. од Вејце кој управувал со „голфот“.

– Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила 18-годишната девојка, која потоа била пренесена во болницата во Тетово – соопшти денеска МВР.

Увид на местото на сообраќајката извршила екипа од СВР Тетово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...