На регионалниот пат Кавадарци-мотел Дреново вчера околу 7.30 часот патничко возило „форд фиеста“ со неготински регистарски ознаки, управувано од дваесет и осумгодишната А.Д. од Кавадарци излетало надвор од патот.
Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во кавадаречката болница каде и е укажана лекарска помош и била задржана на лекување.
Увид на местото на настанот изврши екипа од Полициската станица Кавадарци.