Повратот на ДДВ за граѓаните на крај на секоја година

Во УЈП одреден период се подготвува електронскиот систем преку којшто ќе се овозможи прецизна пресметка и навремен поврат на парите кај граѓаните.

2097

Граѓаните ќе ги добијат парите од повратот на ДДВ на крајот на секоја година, информира директорката на Управата за јaвни приходи Сања Лукареска.

–  Веќе одреден период се подготвува електронскиот систем преку којшто ќе се овозможи прецизна пресметка и навремен поврат на парите кај граѓаните. Граѓаните на крајот на годината ќе добијат дел од парите коишто ги трошеле во текот на годината, но истовремено и ќе станат партнери на Управата за јавни приходи во контролите за спроведувањето на даночна дисциплина, посебно кај тие кои сега ја избегнуваат. Убедена сум дека на овој начин ќе се зголеми и издавањето на фискални сметки – вели Лукаревска во интервју за порталот Фактор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...