Владата на денешната седница ги повлече предлог-измените на Законот за јавни собири како одговор на реакциите на граѓанските организации, соопшти владината прес-служба.
Најавено е дека ќе бидат обезбедени консултации со граѓанскиот сектор.
Како што е соопштено, владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот.