Отворен е повик за Награда за човекови права во бизнисот. На повикот може да учествуваат правни субјекти кои работат три години во земјава, односно имаат регистрирано правно лице минимум 3 години пред објавата на повикот.
– Почитувањето на човековите права е обврска на сите сопственици на бизниси менаџери(-ки) и вработени. Трагаме по посветени компании со позитивни практики за унапредување на човековите права во деловната средина. На овој начин, ја поттикнуваме усогласеноста на бизнисите со водечките принципи за бизнис и човекови права на ОН и целите за одржлив развој. Ги повикуваме сите компании кои сметаат дека се пример за други да се пријават за награда – велат организаторите.
Сите информации и документи се објавени на: http://konekt.org.mk/
Како и до кога да се пријавите?
На konekt@konekt.org.mk најдоцна до 02.12.2019год. пратете:
– Пополнет формулар за пријава и изјава за веродостојност;
– Документација и линкови за поткрепа (по избор);
– Тековна состојба од Централниот регистар.
Компаниите при пополнување можат слободно да се консултираат и да добијат насоки од Конектна konekt@konekt.org.mk или 02/ 3224 198.
Настанот на кој ќе се доделуваат наградите ќе се одржи на 11.12.2019 год.
Активностите се одвиваат во рамки на проектот „Поттикнување на принципите за бизнис и човекови права“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Конект во партнерство со Бизнис конфедерација и во соработка со „Mрежатa на Глобалниот договор на ОН во Северна Македонија“.