Повеќе јавни обвинителства добија нови шефови

671

Советот на јавните обвинители на Република Македонија на денешната 44-та седница избра јавни обвинители на повеќе јавни обвинителства.

– За виш јавен обвинител на Вишо јавно обвинителство Штип избран е Тодор Витларов, за основен јавен обвинител на ОЈО Скопје – Сашо Рајчев, за основен јавен обвинител на ОЈО Куманово – Теута Бедиу Рамадани, за основен јавен обвинител на ОЈО Охрид – Зоран Митрески, за основен јавен обвинител на ОЈО Дебар – Неат Црој, за основен јавен обвинител на ОЈО Кичево – Манка Јаневска, за основен јавен обвинител на ОЈО Кочани – Борче Јанев, за основен јавен обвинител на ОЈО Гостивар – Башким Хисени и за основен јавен обвинител на ОЈО Ресен – Реџаил Шерифовски, се наведува во соопштението од Советот на јавните обвинители.

За вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Велес е избрана Гордана Тодорова – јавен обвинител велешкото Обвинителство, за вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Струга е избран Стојанчо Арнаудоски – јавен обвинител во ОЈО Охрид, а за вршител на должност јавен обвинител на ОЈО Битола е избрана Лиле Талевска – јавен обвинител во битолското Обвинителство.

– За јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, Вишото јавно обвинителство Гостивар, на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-Скопје и на Основното јавно обвинителство Кавадарци, на денешната седница не се изврши избор на јавни обвинители, и истиот ќе се изврши на една од наредните седници на Советот, се наведува во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...