Повеќе од 700 интервенции во Загреб и пет повредени од силниот ветер

501

Силниот ветер кој од вчера дува во Загреб уривал стебла, рекламни паноа, покриви и делови од фасади. Градските служби имале повеќеод 700 интервенции, а пет лица се повредени.

Улиците на Загреб се полни од скршени гранки. Имало и проблеми во градскиот превоз.

Имало и скршени семафори, итната служба и противпожарната интервенирале цел ден, а полицијата ги предупреди граѓаните да не излегуваат ако не мораат.

Ударите од ветер биле околу 70 километри на час.

Државниот хидрометеоролошки завод издал предупредувања за речиси цела земја поради можност од силен ветер и екстремно количество на врнежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...