Повеќе од 30 нови вработувања во ФЕНИ Индустри

Комбинатот е во полн производен капацитет со една производна линија, извозот континуирано расте, на вработените редовно им се исплаќа плата која што во просек изнесува 29.000 денари, а од компанијата најавуваат и дополнително зголемување.

273

Во ФЕНИ Индустри се отвораат нови работни места за што во тек се вработувања на повеќе од 30 нови лица. Заради потребите на ГСОЛ/Еуроникел, комбинатот ги проширува своите капацитети што наметнува потреба од зголемување на бројот на вработени и дополнителен ангажман на работна сила и покрај тоа што технички фабриката сè уште е во стечај. Се бараат инженери, електричари, механичари, ракувачи на градежни машини, оператори, техничари и други струки.

Откако ГСОЛ/ЕуроНикел го рестартираше производството во ФЕНИ Индустри, сите вработени ги задржаа своите работни места и започна континуирано да бележи подобрување на општата состојба и позитивни промени.

– Отворањето нови работни места е уште еден во низата силни и фактички показатели дека ФЕНИ е на пат повторно да го стекне својот статус на голем капацитет за производство на фероникел. Вложивме многу и инвестиравме за да дојдеме до овие резултати, а сето досегашно направено и постигнато е само преодна фаза. Со планот за реорганизација предвидени се крупни инвестиции кои ќе дадат дополнителен поттик на производниот процес и уште повеќе ќе ја осигурат иднината за комбинатот и ќе ги задоволат очекувањата на вработените и на целокупната заедница – изјави Герасим Кујунџиев, директор на ЕуроНикел.

Комбинатот е во полн производен капацитет со една производна линија, извозот континуирано расте, на вработените редовно им се исплаќа плата која што во просек изнесува 29.000 денари, а од компанијата најавуваат и дополнително зголемување.

Атмосферата е поволна и кај вработените, чии очекувања од работата на комбинатот се исполнети. Тие се надеваат на што побрзо комплетирање на стечајната постапка, за што јасно го искажаа својот став на последното судско рочиште и влегување во новата светла фаза која му претстои на ФЕНИ.

Со потпишувањето на договорот за закуп започна процесот за успешно рестартирање на ФЕНИ, со што ГСОЛ/ ЕуроНикел инвестираше повеќе од 60 милиони евра и со откупување на побарувањата стана најголем доверител во кавадаречката компанија, а инвестираше и дополнителни 20 милиони евра за рестарт на компанијата. Интересите на ГСОЛ/ ЕуроНикел се поткрепени и со планот за реорганизација според кој во следниот период планирана е дополнителна инвестиција од 15 до 20 милиони евра во реконструкција на втората печка, а нејзиното рестартирање ќе ги зголеми производствените капацитети и норми од 19.000 до 21.000 тони никел годишно. Составен дел од планот за реорганизација се и натамошни инвестиции, зголемувањето на платите на вработените, но и на бројот на вработени, извозна експанзија и проширување на пазарите за пласман.

ГСОЛ, преку своето претставништво ЕуроНикел планира да го врати некогашниот статус на ФЕНИ – најголем производител на фероникел во Европа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...