Повеќе од 3.000 негувателки во регистарот, ама повеќето се зафатени

Односот помеѓу негователката, Агенцијата и барателот на услуга се регулира со договор на кој се согласни сите страни и договорот не е предмет на регулирање на Законот за заштита на децата или друг закон од областа на детската заштита.

230

Во регистарот на Министерстото за труд и социјална политика досега се заведени повеќе од 3.000 негувателки и поголемиот дел од нив се вработени во јавните и во приватните градинки низ државата. Министерството има регистар на лиценци, но не и за тоа каде односно во која Агенција и градинка е ангажирана лиценцираната негувателка, велат од ресорното Министерство.

Во минатата недела се случи скандал кога дадилка беше снимена на камера како тепа дете во игротеката „Дежа ву“ во скопски Аеродром, а по алармот од газдата на игротеката, таа е приведена. Ѝ се заканува затворска казна од една до 10 години затвор.

Надлежните појаснуваат:

– Ве информираме дека терминот дадилки воопшто не постои и не е утврден со Законот за детска заштита. Со член 178 од Законот за заштита на деца МТСП издава лиценци за стручен работник, стручен соработник, воспитувач, негувател и директор во установа за деца. Според Закон, Агенцијата може да биде формирана од физичко и правно лице и во моментот на основање не мора да има вработени лица.

Односот помеѓу негувателката, Агенцијата и барателот на услуга се регулира со договор на кој се согласни сите страни и договорот не е предмет на регулирање на Законот за заштита на децата или друг закон од областа на детската заштита.

Еве што треба за стекнување со лиценца за негувател според Законот: да е државјанин на Република Северна Македонија, да има лекарско уверение за здравствена состојба, да има потврда дека не му е одземено вршењето на родителското право, да има потврда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност, да има потврда дека не му е изречена казна со правосилна судска пресуда со која е осудено за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосквернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое, во согласност со закон, е утврдено дискриминаторско однесување, да има потврда со правосилна одлука да не му е изречена забрана за вршење на професија, дејност или должност сѐ додека траат последиците од забраната.

Исто така, негувателката треба да има завршено средно училиште или четиригодишно средно училиште: средно медицинско училиште, средно образование – насока гимназија, средно музичко училиште, средно ликовно училиште, средно фискултурно училиште.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...