Повеќе од 200 скопјани викендов казнети за брзо возење, алкохол и други прекршоци

130
Фото: МВР

Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје на 17/18.08.2019 од 22,00 до 04,00 часот спроведе акциска контрола за откривање на возачи што ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, санкционирани се 102 возачи кои ја пречекориле брзината, за што им се изречени соодветни казни. Откриени се и 52 останати прекршоци, за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 27 прекршочни платни налози. 

Одделението за безбедност на патниот сообраќај спроведе акциска контрола и за управување на моторно возило под дејство на алкохол на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 27 возачи. Откриени се 47 останати прекршоци за кои се издадени 17 мандатни платни налози и 30 прекршочни платни налози. 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...