Повеќе од 10 000 Македонци аплицирале за бугарско државјанство, пренесе денеска бугарската новинска агенција БТА.
Овие податоци ги изнела бугарската министерка за правда, Цецка Цачева, која одговарала на пратенички прашања во бугарскиот парламент.
Таа рекла дека во последната година вкупно биле поднесени 17.792 барања за бугарско државјанство кои во најголем дел биле поднесувани од страна на Македонци. Потоа следуваат барањата од државјани на Србија, Молдавија, Турција, Албанија, Израел и Русија.
Министерката истакнала и дека биле разгледани вкупно 16.313 барања, а државјанство било доделено во 9 848 случаи. Макфакс