Повеќе десетици Македонци се во нападнатите бази во Ирак

Според информации на Телма, никој од нив не е повреден иако се вознемирени по жестокиот напад од Иран врз двете американски бази.

1628

Во базите Аин ал Асад и Ербил во моментот се наоѓаат повеќе десетици македонски граѓани кои работат во американската компанија КБР која обезбедува цивилна логистичка поддршка на армијата на САД, објави Телма.

Според информации на телевизијата, никој од нив не е повреден иако се вознемирени по жестокиот напад од Иран врз двете американски бази.

Неколку часа пред нападот поради прогласена тревога од највисок степен, вработените во базите биле префрлени во бункерите кои служат како скривници пред евентуални воздушни или ракетни напади.

Голем дел од вработените во двете бази се од Куманово. Дел од нив се подготвуваат за враќање дома или на одмор или поради прекин на работниот однос со фирмата КБР, а за транспорт кон Македонија се чека потполно смирување на состојбата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...