Повеќето од реките со двојно пониски водостои

52

Водостојот на поголемиот дел од реките во државава е намален двојно во однос на октомврискиот просек, покажуваат мерењата на  Управата за хидрометеоролошки работи.

Само водостојот на Вардар кај Јегуновце и Скопје Железнички мост, како и на Пчиња кај Катлановска бања, е над просечните вредности за овој месец од годината.

Двојно пониски се измерените водостоите на Вардар кај Велес, Струмица кај Ново Село, Црна Река кај Новаци, Црн Дрим кај Ложани, а значително намалување има и Лепенец кај Скопје, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Штип…

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...