49 отсто од граѓаните се задоволни, додека 47.7 отсто не се задоволни од работата на владата. Ова се резултатите од анкетата на Телма и МЦМС, за една година од работата на владата. Целосно задоволни се 16.5 отсто, а воопшто не се задоволни 35.4 отсто од анкетираните.
Според партиска припадност, 11.9 отсто од поддржувачите на СДСМ, и 38.4 отсто од поддржувачите на ДУИ, не се задоволни од работата на владата во изминатата година.
36.8 отсто од испитаниците одговориле дека Македонија се движи во негативна насока. Сличен процент, односно 35.1 отсто одговориле дека Македонија се движи во позитина насока, а значителен дел, односно 22.4 отсто сметаат дека ништо не е променето и ситуацијата е иста од претходно.
Анкетата е направена на илјада 52 испитаници, телефонски, во периодот од 15 до 23 мај.