Побаран притвор за седум турски државјани кои со израелски пасоши сакале да полетаат од Охридскиот аеродром

Во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за петмина од осомничените, додека за две лица, мајки на децата, побара судот да определи мерки за претпазливост – одземање на патни исправи.

322

Основното јавно обвинителство Охрид поведе постапка против седум лица за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што е соопштено осомничените турски државјани, кои се роднински поврзани, вчера на аеродромот во Охрид при презентирање на патните исправи за летот Охрид – Лутон користеле фалсификувани израелски пасоши. Со осомничените биле и две деца родени 2014 и 2006 година.

Шест од осомничените со двете деца влегле во земјава вчера од Република Албанија преку граничниот премин Ќафасан. Еден од осомничените во државата влегол на 19 јануари преку граничниот премин Богородица од Република Бугарија.

Во насока на непречено водење на кривичната постапка, јавниот обвинител до Основниот суд Охрид достави предлог за определување на мерката притвор за петмина од осомничените, додека за две лица, мајки на децата, побара судот да определи мерки за претпазливост – одземање на патни исправи.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...