Почитувани читатели, Редакцијата на порталот Плусинфо, која и вечерва ги следи настаните и известува, ви ја честита Новата 2019 година и ви посакува многу здравје, среќа и успеси.
Посакуваме во годината што доаѓа Македонија решително да го пречекори прагот на европската куќа што нѐ очекува и земјата конечно да тргна по патот на реформите што треба да донесат просперитет.
Сѐ што беше лошо и што предизвика многу изневерени надежи и разочарувања, нека остане во старата година, но и како опомена за сите нас, а особено за луѓето на власт, дека мора да се работи подобро, попосветено и многу почесно.
Ако се поставиме така, решително и храбро, резултатите нема да изостанат. Зашто, среќата ги следи храбрите.
Имајте спокојни и весели новогодишни празници, почитувани читатели. Каде и да сте, Плусинфо е со вас!