Плоштадот Свети Петар и истоимената базилика во Ватикан ќе бидат затворени до 3 април за посети на туристите и групи со водичи заради епидемијата од коронавирус во Италија, но верниците ќе можат единечно да влегуваат во базиликата на молитва, соопшти денеска Ватикан.
Во соопштението се наведува дека Ватикан ќе ја затвори и својата пошта на плоштадот, која привлекува мноштво туристи, како и книжарницата и продавницата за фотографии.
Оттаму се додава дека за посетители ќе биде затворена и кафетеријата за вработените во Ватикан.
Сите наведени мерки ќе бидат во сила до 3 април, пренесуваат британските медиуми.