Пломп: Холандија е загрижена за владеењето на правото во земјава

674

Холандскиот амбасадор во земјава, Ваутер Пломп порачува дека е неопходно да се постигне компромисно решение за СЈО меѓу власта и опозицијата.

Оттаму пак најава за нова средба нема, но продолжуваат препукувањата кој е виновен за блокадата на дијалогот.

– Холандија била и останува загрижена за владеењето на правото во земјава, а под тоа го подразбирам и Законот за СЈО – вели холандскиот амбасадор во земјава Ваутер Пломп.

Тој вели дека неговата земја ги поддржува спроведените реформи и Спогодбата со Грција, но дека за добивање датум е неопходно да продолжи борбата против високата корупција.

– Специјалното обвинителство одигра значајна улога во поднесување обвиненија за висока корупција и за нас е значајно да се гони високата корупцијата од минатото, сегашноста, но и иднината. Затоа е важно да се пронајде ефикасен начин за СЈО да се инкорпорира во Основното јавно обвинителство, задржувајќи дел од независноста. За овој закон е потребно двотретинско мнозинство. Сите политички сили кои сакаат Северна Македонија да започне преговори со ЕУ треба да најдат конструктивно решение, кое ќе одговара на партиите од власта, но и на оние кои не се во власта, а за ова опозицијата треба да понесе одговорност – изјави Ваутер Пломп – амбасадор на Холандија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...