Пломп: Кавадарци има многу можности за еко туризам

123
Кавадарци има многу можности за еко туризам, во комбинација со грозјето, ракијата и виното, изјави денеска холандскиот амбасадор Вилем Ваутер Пломп по средбата со кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Сакам да посетам многу општини и различни места од убавата Македонија, за да знам повеќе за можностите и предизвиците кои ги нудат – нагласи амбасадорот.

Јанчев истакна дека разговарале на повеќе теми, соработка, инвестиции, за грозјето, виното, ракијата и туристичкиот развој како приоритети.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...