Пливачите ќе побараат од ФИНА да ја укине забраната за учество на комерцијални турнири

96

Водечките пливачи на планетата, меѓу кои и трикратната олимписка шампионка Катинка Хосу, планираат да поднесат тужба против ФИНА, барајќи да се укине забраната за учество на комерцијални турнири.

Преседанот се случи во ноември, кога Меѓународната пливачка федерација се закани дека ќе ги дисквалификува спортистите кои би се согласиле да учествуваат на турнирот под покровителство на Меѓународната пливачка лига (ИСЛ) во Торино. Таа треба да се одржи на 20 и 21 декември во Торино, Италија.

– Отсекогаш сум била заинтересирана за развој на пливање во насока каде пливачите се партнери на управувачкото тело, а не само кукли – изјави Хосу.

Според најавите, и светски познатите пливачи Мајкл Ендрју и Том Шилдс ќе се приклучат на тужбата.

Спортистите, исто така рекоа дека ФИНА заработи 118 милиони долари на сите натпреварувања што се одржа под нејзино покровителство во 2016 и 2017 година, а за пливачите дала само 12,5% од оваа сума.

ФИНА беше подготвена да даде дозвола на пливачите за учество во ИСЛ за сума од 50 милиони долари, но организаторите уште од старт ја одбија оваа понуда.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...