Учесниците на Охридскиот пливачки маратон моментално се наоѓаат некаде на половина од 25-километарската патека, во близина на селото Пештани.
Напред е издвоена група од десетина пливачи, но се уште е рано да се даваат какви било прогнози.
Темпото е добро, условите засега се одлични и се наговестува тесна и неизвесна трка.
Инаку, трасата води долж источното крајбрежје на Охридското Езеро што ја прави возбудлива и привлечна и за гледачите на плажите.
Според досегашниот тек на трката, првите пливачи на целта ќе пристигнат некаде после 17 часот