Платини: ФИФА и Трибуналот за спортска арбитража се мафија

212

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, ги спореди ФИФА и Спортскиот арбитражен суд (КАС) во Лозана со мафијашките организации.

– Мразам неправда. Не можам да издржам. ФИФА и КАС делуваат како мафијашки организации. Го видов тоа и лично се убедив. Група пријатели го прават она што сакаат – изјави легендарниот француски фудбалер за „Спорт.пл“. “.

Шеесет и четири-годишниот добитник на „Златната топка“ тврди дека адвокатите на ФИФА, УЕФА и КАС се исти луѓе кои живеат во Швајцарија и постојано комуницираат едни со други.

Според него, тие се најзаслужни тој да не стане претседател на Светската фудбалска централа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...