Британскиот пар кој преку „Ербиенби“ (Airbnb) резервирал луксузен пентхаус во шпанското летувалиште, бил шокиран кога пристигнале на одморот.
Имено, тој апартман што го платиле 12.000 долари воопшто не постоел.
Ијан и Дениз Фелтман од британскиот град Чисвик, очекувале турска бања и луксузен простор со приватен лифт во комплексот Лос Боас на Ибица.
Сместувањето на „Ербиенби“ имал вкупно 37 рецензии и највисоки оцени.
– Кога се појавивме на адресата, рецепционерот на влезот од зградата ни рече дека ВИП пентхаусот не постои. Додаде дека често таму доаѓале туристи кои очигледно се измамени и дека тоа е голем проблем – рекол Ијан.
Домаќините напишале дека во апартманот може да се донесат и домашни миленици , па парот со себе на нивното романтично патување ги повеле и кучињата Роса и Хани.
Овој пар признал дека малку се посомневале бидејќи една недела пред да тргнат на патување никој не им се јавил на телефон од адресата каде што резервирале. Им пратиле неколку срдечни пораки со описите на сместувањето, пишува „Јутарњи.хр“.
Тие признаваат дека им било сомнително што едена недела пред патот никој не се јавувал на телефон, на адресата со седишта на компанијата на Тајланд.
Кога сакале да ја откажат својата резервација, од компанијата им кажале дека можат да добијат повраток на пари дури доколку појдат на тоа резервирано место и доколку не го добијат сместувањето, па затоа морале да се упатат кон преубавата Шпанија. На крајот тие одвај нашле некое друго сместување бидејќи со себе ги носеле и кучињата.
– Како „Ербиенби“ воопшто ги проверува сопствениците на сместувањето? Би можеле да стават каква било фотографија – рекла налутената Дениз.
FOTO: @lasboass/ Instagram
FOTO: Fejsbuk/Printskrin