Платете ги сметките за струја за да може да се греете

Од компанијата апелираат  Управителите на зградите и Заедниците на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да си ги подмират сметките за електрична енергија за топлинска потстаница.

554

Снабдување со топлина „Балкан Енерџи“ ги повика граѓаните да се подготват пред почетокот на грејната сезона.

– Потребно е потрошувачите да ги завршат интервенциите на внатрешната инсталација пред почетокот на грејната сезона и тоа да го пријават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100- велат од БЕГ.

Од компанијата апелираат Управителите на зградите и Заедниците на сопственици да овозможат непречен пристап на службените лица до топлинската подстаница на објектот и да си ги подмират сметките за електрична енергија за топлинска потстаница.

– Согласно законските прописи, грејната сезона може да започне секој ден по 30.09.2019 година, доколку прогнозираната средна надворешна температура за наредниот ден е еднаква или помала од 12 степени, според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи – појаснуваат од БЕГ.

За информации или пријави за одредени интервенции, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви 02 3076 200 и 075 400 100, а подетални информации за моментално затворените објекти може да се добијат и на веб страната на Снабдување со топлина Балкан Енерџи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...