ОБНОВЕНО Планинар од Македонија загина на Олимп

1226

Планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за група од околу девет лица од нашата земја, кои планинареле на Олимп, на мажот или му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија, а обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.

Телото од провалијата, најверојатно го извлекле планинарите кои биле заедно со него.

Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро.

ОБНОВЕНО М.Г. од Скопје роден 1962 година е планинарот којшто загина на планината Олимп, јави 24 Вести.

Според нивните првични сознанија по сведочењето на очевидци, планинарот на 100 метри пред планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ изгубил рамнотежа по што баднал во бездна.

За утре во Солун е предвидена обдукција на телото којашто треба да даде одговори кои се причините за падот. Противпожарни екипи и полиција на Литохоро учествувале во извлекување на телото.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...