Пијан Естонец го утнал хотелот, па се качил на Алпите

Некаде меѓу два и три часот наутро од височина го забележал својот хотел, а кафулето во кое пиел се наоѓало 2.400 метри под него.

970

Турист од Естонија толку многу се опијанил додека зимувал на Алпите, што наместо во својот хотел, стигнал до врвот на планината.

Павел бил сместен во одморалиштето Италис Вале д’Аоста. Една ноќ толку многу се опил, што снежните улици наместо кон хотелот, го однеле кон врвот Вентина. Некаде меѓу два и три часот наутро од височина го забележал својот хотел, а кафулето во кое пиел се наоѓало 2.400 метри под него.

За среќа, на врвот се наоѓал уште еден хотел, па тука нашол засолниште за една ноќ. Персоналот следното утро го пронашол со две празни шишиња од вода и постела натопена во урина.

Пијаниот авантурист го барала и полицијата, а активирани биле и дронови. Откако го пронашле, му врачиле казна за натрапништво, но нема да биде осуден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...