Пијан го убил 27-годишниот зет по расправија во Босна, ова не му било прво убиство

206

Четириесет и петгодишниот Фикрет Рожајац го убил својот 27-годишен зет, Армин Исламовиќ во Босна и Херцеговина.

Рожајац бил пијан кога по расправија со зетот, земал нож и го убил. Не бегал, веднаш ѝ се предал на полицијата во близина на местото на убиството.

Како што се дознава, полицајците и порано интервенирале поради расправии помеѓу нив двајца, само што овој пат расправијата завршила трагично.

Медиумите пренесуваат дека ова не е прв пат Рожајац да убие човек. Тој убил човек и претходно, поради што лежел во затвор. Имал дебело досие и привиден бил во повеќе наврати.

Неофицијално, жртвата исто така ѝ била позната на полицијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...