Утринава околу 4 часот, на Меѓународниот аеродром во Скопје, 55-годишниот А.В.Д. од САД го нарушил јавниот ред и мир.
Како што е наведено во полицискиот билтен, тој бил во видно алкохолизирана состојба и почнал да ги омаловажува вработените во службата за безбедност, а потоа нападнал и неколку полициски службеници.
Од МВР велат дека тој веднаш бил приведенво Полициската станица на аеродромот.