Пијанистот Арда Мустафаоглу освои прво место на натпревар во Германија

153

Македонскиот пијанист Арда Мустафаоглу освои прво место на меѓународниот натпревар за млади пијанисти  „Уметност и мир“ (Kunst und Frieden), кој се одржа на 25-ти и 26 јули во германскот град Хамелбург.

Оваа награда следува по освоеното прво место на натпреварот „eMuse” во Грција и солистичките концерти во Париз и Сремска Митровица, настапите во Модан, Франција, и во концертната сала „Мегарон“ во Атина.

Во август Арда ќе има настапи во неколку германски градови, а потоа ќе се претстави и со солистички концерти пред македонската публика.

Настапите во Франција и Германија се поддржани од Министерството за култура.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...