Пијана балерина удрила полицаец во препоните, а другиот го изгризала ФОТО

Балерината на аеродромот дошла толку пијана, што не била во состојба да си го најде пасошот.

540

Дајана Андреас Ривера, 33-годишна балерина од Мадрид, влегла во конфликт со полицијата на најголемиот лондонски аеродром „Хитроу“ откако не ѝ било дозволено да се качи на својот лето, бидејќи веќе била пијана и растроена.

Балерината во петокот се обидела да се врати дома во Мадрид откако го изгубила сместувањето во Лондон и завршила на улица, пишува британски „Сан“.

Според британските медиуми, балерината на аеродромот дошла толку пијана, што не била во состојба да си го најде пасошот па полицајците ѝ забраниле да се качи во авионот, а тоа ја разбеснило. Тоа на балерината воопшто не ѝ се допаднало, така што нападнала тројца полицајци на терминалот.

Кога се обиделе да ја уапсат, балерината почнала да го удира и гребе едниот од полицајците, а се обидела и да го гризне за раката. Станала уште поагресивна кога другиот полицаец се обидел да ја смири. Него успеал да го удри во тестисите, а додека полицаецот „умирал“ од болка, до крв со ноктите го изгребала третиот.

За работата да биде уште полоша, меѓу нејзините лични предмети бил пронајден и нож.
„Ривера не нападна никого со нож; таа заборавила дека го имала со себе“, посочил нејзиниот адвокат.

На Дајана ѝ се заканува затвор поради поседување ладно оружје и напад на тројца службени лица, а пресудата ќе биде донесена в вторник.

 

FOTO: Printskrin/Fejsbuk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...