Пироманите запалија уште два контејнера во Дебар Маало и во Чаир

283

Непознати сторители вчеравечер запалиле уште два во населбите Центар и Чаир.

Од ЈП „Комунална хигиена“ информираат дека на улицата Орце Николов, во близина на Генералштабот, е запален еден од новите контенјери, додека во Чаир е запален стар метален контејнер на булеварот Христијан Тодоровски Карпош.

Ваков инцидент се случи и пред два дена кога во една ноќ беа запалени осум контејнери за одлагање смет во населбите Ѓорче Петров и во Ново Лисиче. Огнот предизвика голема материјална штета, а беа оштетени и две возила кои биле паркирани во близина.

Претходно, во населбата Радишани изгореа три контејнери од 1,1 кубен метар и еден специјален контејнер-ѕвоно, наменет за селекција на стакло, како и еден нов контејнер на улицата Франклин Рузвелт. 

Сите случаи на опожарување на садовите за одлагање отпад се пријавени до надлежните органи и ќе бидат преземени соодветни мерки за да се пронајдат и санкционираат сторителите. 

„Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат контејнерите поставени на јавните површини за да се овозможи ефикасно одлагање на комуналниот отпад и да се одржува јавната хигиена.

„Садовите за отпад се набавуваат со пари од граѓаните, а со нивното оштетување се нанесува голема финансиска штета. Поради тоа, ги охрабруваме граѓаните да го пријават секој случај на вандализам врз контејнерите и врз другата урбана опрема за да се одржи комуналниот ред во градот, а јавните површини да бидат уредени и чисти“, апелираат градските власти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...