Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет Уранија Пировска на својот Фејсбук профил реагираше на вчерашната изјава на премиерот Зоран Заев во која тој рече дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја турнат Владата“.
„Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било сѐ што се збореше и правеше претходно! НЕ, Зоран Заев, ЛГБТИ-заедницата нема да ти прости!“, напиша Пировска.
Официјално нема реакција од Хелсиншкиот комитет.