Пимен: МПЦ нема да прифати ново име

944

Владиката Пимен, денеска изјави дека црквата не сака да го менува името затоа што тоа се поврзува со македонскиот идентитет.

– Ние искрено се надеваме дека нема да отстапиме од нашето уставно име. Ако на крајот мнозинството надвладее за да одлучи да се промени, во името на црквата ние секако тоа не би го инкорпорирале во нашето име. Нашето име е Македонска православна црква бидејќи се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото на народи кои ги имаме. Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, затоа што имаме ние и еклисиолошко име Охридска Архиепископија, имаме национално име како Македонска православна црква – изјави Владиката Пимен, Митрополит на Европската епархија на МПЦ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...