Пејачката Хоана Сенз Гарсија (30) настапувала со групата Super Hollywood Orchestra во близина на Мадрид, кога во нејзина непосредна близина експлодирала пиротехничка направа.
Пејачката паднала на бината, но иако веднаш била однесена во болница, докторите само ја констатирале смртта.
„Имаше две ракети. Една отиде во десен правец, а другата ја удри пејачката во стомакот“, рекол очевидец.
Инцидентот се случил пред околу илјада гледачи во местото Лас Берланас.